Реал Мадрид ќе го продаде Иско, но Шпанецот ќе остане во Ла Лига?

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го продаде Иско, но според последните информации фудбалерот ќе остане во Шпанија.

Севиља е заинтересирана за потписот на Иско, па тој повторно би соработувал со Хулен Лопетеги доколку се пресели во Андалузија.

Сепак, поголема шанса за да се реализира овој трансфер постои на лето, а не во јануари. Шпански „АС“ објави дека Иско има договор до 2022 година, но Севиља е подготвена да плати меѓу 15 и 20 милиони евра.