Реал Мадрид ќе му го врати Азар на Челси?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси постојано е на насловните страни на британските медиуми за можните засилувања, но засега нема напредок кон Ерлинг Халанд и Деклан Рајс.

„Сините“ имаат некои идеи за нападот, а најголем е проблемот околу Халанд, кој ќе биде тешко да се откупи од Борусија Дортмунд.

Англиските медиуми сега лансираа и нова приказна дека Еден Азар по две години во Мадрид, би можел да се врати на „Стемфорд бриџ“.

„Кралевите“ собираат пари за Килијан Мбапе, па ќе мора да продаваат фудбалери, а наводно Реал е подготвен да го продаде Азар во Челси за 60 милиони евра.

Азар пред две години го засили Реал Мадрид за повеќе од 100 милиони евра, па така „сините“ би го добиле назад белгискиот репрезентативец со попуст.