Реал Мадрид ќе му го врати Кепа на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид нема да ја искористи откупната клаузула во договорот со Кепа Аризабалага и ќе го врати во Челси.

Кепа по крајот на сезоната ќе се врати на „Стемфорд бриџ“, иако се очекуваше да биде прв голман на „кралевите“, но го загуби местото од одличниот Андреј Лунин.

Шпанскиот чувар на мрежата не импресионираше со неговите настапи за Реал, па поради тоа тренерот Карло Анчелоти му даде шанса на Лунин кој блесна на голот.

Челси веќе има двајца квалитетни голмани, а тоа се Ѓорѓе Петровиќ и Роберто Санчез, па најверојатно Кепа ќе биде продаден.