Реал Мадрид ќе се спаси: Азар најде нов тим за својата иднина?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар не се прослави во Реал Мадрид, а шпанските медиуми пишуваат дека негова желба во моментов е да се пресели во Милан.

Белгиецот има 30 години и смета дека „Сан Сиро“ е идеално место за неговата иднина, иако во претходните денови се поврзуваше и со трансфер во Њукасл.

Шпанските медиуми велат дека Азар е подготвен да ги намали финансиските услови и да си ја проба среќата во Милан.

Азар досега почесто беше повреден, отколку здрав во Мадрид, а одигра само 54 натпревари на кои постигна пет гола и девет асистенции.

„Марка“ неодамна објави дека белгискиот репрезентативец дури би можел да се пресели во втората лига на Белгија, но такво нешто е нереално во моментов.

„Јас и Еден сме пријатели. Кога играше за Лил ми вети дека еден ден ќе игра за Фенербахче. Вестерло делува како потешка опција, но би можел таму да ја заврши кариерата“, вели Хасан Четинкај, газда на тимот.