Реал Мадрид ќе украде голема желба на Манчестер јунајтед?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара нови засилувања пред продолжение на сезоната во Ла Лига, каде што ги чека тешка битка со Барселона за титулата.

„Кралевите“ се заинтересирани за услугите на десниот бек и голема желба на Манчестер јунајтед, Жереми Фримпонг.

„Дефенса Централ“ објави дека шпанскиот гигант наскоро планира да испрати понуда за фудбалерот на Баер Леверкузен, кој во моментов привлекува интерес и од други гиганти.

Баер Леверкузен очекува многу понуди во јануари за услугите на Фримпонг, но дефинитивно Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис, иако и Манчестер јунајтед сигурно ќе се обиде да му понуди одлични услови.