Реал Мадрид лошо тргна, но Камавинга и Модриќ за три минути го свртеа мечот против Реал Сосиедад


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на добар пат да освои нови три бодови во Ла Лига, иако лошо го почна дуелот против Реал Сосиедад, но до крајот на првите 45 минути го сврте резултатот во своја корист (2-1).

Ојарзабал го отвори резултатот во 10. минута од пенал, а гостите го одржуваа водството до самиот финиш на првото полувреме, кога „кралевите“ м дадоа два гола.

Камавинга во 40. минута израмни на 1-1, а само три минути подоцна Модриќ ја искористи својата шанса за да направи целосен пресврт (2-1).