Реал Мадрид му го „наместил“ тестот на Азар да излезе позитивен!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера соопшти дека има двајца позитивни на коронавирус, а тоа се Еден Азар и Касемиро, кои поради тоа нема да играат против Валенсија, а веќе заминаа во изолација. Сепак, од Белгија постојат сомнежи за резултатите од тестовите на ковид-19.

Од утре почнуваат собирите за репрезентациите бидејќи се игра завршницата во Лигата на нации, а од Белгија постои сомнеж дека тестовите не се точни, односно резултатите ги „наместил“ Реал Мадрид затоа што не сака да го пушти Азар.

Азар неодамна се врати на терените по повредата, па најверојатно Реал не сакал да ризикува дека тој пак ќе се повреди, па затоа од Белгија ја побараа целосната документација за да откријат дали нивниот репрезентативец навистина е позитивен на коронавирусот.