Реал Мадрид најде тим на кој ќе му го продаде Јовиќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид пред две години го купи Лука Јовиќ за 63 милиони евра, но неговата цена падна и сега се шпекулира дека „кралевите“ ова лето би можеле да го продадат за само 20 милиони евра.

Јовиќ се поврзува со многу тимови, а шпанските медиуми пишуваат дека Јовиќ повторно ќе соработува со хрватскиот тренер Нико Ковач во Монако.

Шпански „АС“ објави дека Јовиќ се повредил на подготовките и ќе мора да одмара, а така нема да има доволно време да му ги покаже своите квалитети на Карло Анчелоти.

Реал најверојатно ќе го испрати Јовиќ и следната сезона на позајмица или ќе го продаде доколку Монако испрати понуда, која ќе ги задоволи барањата на претседателот Флорентино Перез.