Реал Мадрид најде замена за Бензема!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид бара нов напаѓач, кој би можел да биде замена за Карим Бензема, но и негов наследник во иднина.

„Кралевите“ се ослободија од Србинот Лука Јовиќ, кој се покажа како големо промашување и ги разочара сите во Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Карло Анчелоти му „фрлил око“ на 22-годишниот напаѓач Александер Исак, кој имаше одлична сезона со Реал Сосиедад.

Исак има искуство во шпанската Ла Лига, па Анчелоти смета дека би се вклопил во неговиот тим, но проблем прави клаузулата од 80 милиони евра за откуп.

Меѓтоа се шпекулира дека клубовите ќе најдат заеднички јазик и Исак ќе биде продаден за сума меѓу 30 и 40 милиони евра.