Реал Мадрид не може да го продаде Азар, па го праќа на позајмица во Англија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар долго време има проблеми со повреди, но ниту откако оздраве не доби шанса во екипата на Карло Анчелоти, кој не сака да експериментира затоа што Винисиус Жуниор во моментов е во одлична форма.

Азар не успеа да ја пронајде вистинската форма и се покажа како огромно промашување бидејќи „кралевите“ му платија 115 милиони евра на Челси за неговиот потпис.

Англиските медиуми шпекулираат дека Азар ќе се врати во Премиерлигата, а голем интерес за него покажал Њукасл, кој планира да го ангажира на позајмица со тоа што ќе му ја исплаќа целата плата.

Во моментов и таква опција е прифатлива за „кралскиот клуб“, кој не смета на Белгиецот, а притоа не може да го продаде.