Реал Мадрид не се грижи: Перез најде замена за „отпишаните“ Јовиќ, Азар, Бејл…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе биде активен во летниот преоден рок, а планира да ангажира многу засилувања доколку има неуспешна сезона, односно не ја освои титулата во Ла Лига и Лига на шампиони (ЛШ).

Има уште три месеци до почетокот на летниот преоден рок, а тимот веќе има трансфер-листа која најверојатно ќе биде дополнета со уште некое име.

„Марка“ пишува дека од Мадрид ќе си заминат неколку фудбалери, како што беше познато и претходно, а тоа се Марсело, Герет Бејл, Иско, Еден Азар, Хесус Ваљехо, Лука Јовиќ и Дани Себаљос.

Меѓутоа, навивачите не треба да се грижат затоа што претседателот Флорентино Перез најде замена за секој од нив.

Марсело ќе биде заменет со Мигел Гутиерез, Бејл со Флоријан Вирц, Азар со Бернардо Силва, Рафа Марин ќе стигне на местото на Ваљехо, местото на Јовиќ ќе го преземе Раул де Томас, Себаљос би можел да биде заменет со Аурелиен Чуамени, додека Бејл ќе биде заменет со Килијан Мбапе.