Реал Мадрид нема да жали пари за сензацијата од Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Реал Мадрид следната сезона со сигурност ќе има видно изменет состав во однос на овој годинешниот.

Флорентино Перез во соработка со Зинедин Зидан ќе потроши значителен број на пари со цел да го крене нивото на својот клуб кој оваа година ќе ја заврши без трофеј.

Германските медиуми пренесуваат дека од Реал Мадрид постои сериозен интерес за услугите на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Санчо е трансфер желба и на Манчестер Јунајтед, но се верува дека Реал Мадрид е во предност во трката по неговиот потпис.