Реал Мадрид нема ништо против да загуби 100 милиони евра: Азар ќе го „предаде“ Челси?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар стигна од Челси во Реал Мадрид во 2019 година, но од тогаш не успеа да ги оправда очекувањата.

Проблемите со повреди, формата и килограмите го уништија Белгиеот, па се шпекулира за негово заминување следното лето.

Француски „Фут Меркато“ пишува дека за Азар е заинтересиран Арсенал и тренерот Микел Артета е подготвен да му даде шанса во Премиерлигата.

Азар претходно се поврзуваше со Њукасл, а сега во битка за неговиот потпис се вклучи Арсенал, додека цената на Белгиецот изнесува само 18 милиони евра.

Искусниот плејмејкер остави голема трага во Челси, каде што играше седум години, па преселба во Арсенал би ги разочарала навивачите.