Реал Мадрид објави снимка од шиењето на лицето на Рудигер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер заработи сериозна повреда по голот за реми на Реал Мадрид и Шахтер (1-1) во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Рудигер испрати удар со глава, по што доби нокаут од противничкиот голман со кој директно се судри, по што му се раскрвари лицето.

Медицинската екипа мораше веднаш да реагира, а фудаблерот доби дури 20 конци, додека Реал Мадрид објави видео од целото шиење на лицето на фудбалерот.

Тони Крос и Давид Алаба беа постојано покрај својот соиграч и му даваа поддршка.