Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на германскиот репрезентативец Нико Шлотербек, објави германскиот весник „Билд“.
Според информациите, шпанскиот гигант подготвува понуда за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, кој во последните неколку сезони се етаблираше како еден од најдобрите стопери во германскиот фудбал.
Во договорот на Шлотербек постои откупна клаузула која се движи меѓу 50 и 60 милиони евра, што би можело да му овозможи на Реал Мадрид полесно да го реализира трансферот.
„Кралскиот клуб“ е во потрага по дополнителни засилувања во одбраната, а 26-годишниот Германец се наоѓа високо на листата на желби на раководството. Неговите настапи во дресот на Борусија Дортмунд, како и за германската репрезентација, не останаа незабележани од европските великани.
















