Реал Мадрид ослабен на Светското клупско првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Мајорка со 0-1 и многумина сметаат дека трката за титулата во Ла Лига е загубена бидејќи Барселона има предност од осум бодови.

За „кралевите“ против Мајорка бранеше Андреј Лунин, откако првиот голман Тибо Куртоа се повреди и сега го чека долга пауза.

Шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот нема да настапи на Светското клупско првенство, кое ќе се игра во следните денови, па така Реал Мадрид ќе биде ослабен во тие дуели.

Куртоа најверојатно ќе се врати за првиот меч во нокаут-фазата на Лигата на шампиони против Ливерпул.