Реал Мадрид откри за колку пари ќе го продаде Иско


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид се подготвува за јануарскиот преоден рок, кога ќе се обиде да го продаде шпанскиот фудбалер Иско, кој не добива голема минутажа кај тренерот Зинедин Зидан.

Зидан, наводно, му соопштил на Шпанецот дека може да си бара нов тим и дека повеќе за него нема место во шпанскиот шампион.

„Кралевите“ сакаат да се ослободат од Иско уште во јануари, а за неговите услуги бараат „само“ 25 милиони евра, иако пред неколку месеци се шпекулираше дека може да добијат двојно повеќе.

„Во моментов нема никаква понуда за Иско, но тој сака да замине во друга лига“, кажа менаџерот на шпанскиот фудбалер.

за Иско интерес покажаа неколку европски гиганти, меѓу кои и Манчестер сити, а цената од 25 милиони евра е примамлива.