Реал Мадрид почна да освојува трофеи – го совлада Атлетик Билбао во Суперкупот! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го освои првиот трофеј за 2022 година откако во финалето на Суперкупот во Саудиска Арабија славеше против Атлетик Билбао со 2-0.

Гигантот од Мадрид го постигна првиот гол преку Лука Модриќ, кој доби добра асистенција од страна на Родриго, па така Реал на полувреме замина со водство од 1-0.

Предноста на „кралевите“ ја зголеми Карим Бензема во 52. минута од пенал, по што Атлетик Билбао имаше шанса за израмнување, меѓутоа Раул Гарсија не го реализираше ударот од белата точка.

Тибо Куртоа беше одличен на гол-линијата на „кралевите“ и ја зачува својата мрежа, па така му помогна на Реал да го освои првиот трофеј за годинава.