Реал Мадрид подобар од Алавес: Асенсио, Бензема и Виниус ги израдуваа „кралевите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 3-0 против Алавес за да ѝ избега на Севиља на седум бодови предност на табелата во Ла Лига.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, „кралевите“ дури трипати погодија во вторите 45 минути, а серијата од голови ја отвори Асенсио во 63. минута.

Винисиус Жуниор зголеми на 2-0 во 80. минута, додека конечниот резултат го потврди Карим Бензема при крајот на регуларниот дел.

„Кралскиот клуб“ на ваков начин ја прекина лошата серија која ја имаше и им се врати на победите, а следниот натпревар во првенството го играат на 26 февруари против Рајо Валјекано.