Реал Мадрид понуди 80 милиони евра, но доби „корпа“ од Франција!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да се засилува во текот на летниот преоден рок, а една од желбите на управата е фудбалерот на Рен, Едуардо Камавинга.

Францускиот тим, сепак, е голема пречка за шпанскиот гигант затоа што нема намера да го продаде талентираниот 17-годишен фудбалер.

Како што соопштија од клубот, Камавинга е важен член на екипата и тие планираат да ја градат иднината токму на него, па од таа причина одбиле и понуда од „кралевите“ во висина од 80 милиони евра.