Реал Мадрид потпиша со синот на легендарниот Рејес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хозе Антонио Рејес Лопез има 16 години и е син на легендарниот Хозе Антонио Рејес, а денеска потпиша договор со шпанскиот гигант Реал Мадирд.

Пред неколку дена го прослави својот 16. роденден, а веднаш потоа доби награда од „кралевите“ кои му понудија договор.

Синот на Рејес пристигна во академијата на Реал Мадрид како 11-годишно момче, откако претходно неговиот татко загина во сообраќајка.

Легендарниот Рејес имаше одлична кариера и играше за Севилја, па Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико.

Животот го загуби во 2019 година во сообраќајка која ја предизвика поради неприлагодена брзина на своето возило.