Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид и сезонава се бори за титулата во шпанската Ла Лига, а претседателот на тимот, Флорентино Перез сака да направи распродажба следното лето за да собере 200 милиони евра.
Герет Бејл, Марсело и Иско имаат договори со „кралевите“ до крајот на сезоната, а тоа ќе биде големо олеснување за буџетот на Реал зашто тие тројца вкупно заработуваат 65 милиони евра годишно.
Реал планира да ги продаде Еден Азар и Лука Јовиќ на лето бидејќи тренерот Карло Анчелоти не смета на нив, а со тоа дополнително ќе се ослободи буџетот за 40 милиони евра.
Секако, за тие двајца се очекуваат пари и од трансферите во висина од околу 90 милиони евра, со што Перез ќе стигне до целта да заштеди 200 милиони евра за следното лето.
Засега не е познато како ќе се инвестираат парите, но се шпекулира дека тоа е прв потег пред да го купат Килијан Мбапе од ПСЖ.