Реал Мадрид пред изненадувачки трансфер: Сакаат едно од најпријатните изненадувања на ЕВРО


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Муса Сисоко одигра инзвонредно Европско првенство во Франција.

Репрезентативецот на Галските петли беше еден од најдобрите играчи на новиот вицешампион на Европа, а сега очекува трансфер во нов клуб.

Веќе одама се поврзува со премин во редовите на Арсенал, но до договор сеуште не дојде.

Во целата приказна изненадувачки се вмеша Реал Мадрид, кои останаа без Н`Голо Канте кој е пред премин во Челси.

Кралевите не кријат дека се вртат на Сисоко, кој многу го цени сонародникот Зинедин Зидан.

Сепак, останува прашањето дали челниците на Реал Мадрид навистина се спремни да исплатат на Њукасл дури 41 милиони евра?

Сисоко во редовите на Страчките стигна во 2013 година од Тулуз, а во дресот на Франција запиша 44 настапи.