Реал Мадрид продава 17 фудбалери: Јовиќ, Иско и Модриќ се во „жолтата зона“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира распродажба летово, а „Марка“ ја објави трансфер-листата која ја составил шпанскиот шампион.

На листата се наоѓаат осум фудбалери кои сигурно го напуштат Мадрид и не се посакувани во клубот, а има девет кои се во „жолтата зона“ и може да бидат продадени. Меѓу нив се Лука Јовиќ, Лука Модриќ, Иско, Лукас Васкез, Начо..

Главен приоритет се става на Герет Бејл и Хамес Родригез, кои се отпишани од страна на тренерот Зинедин Зидан, а имаат големи плати и претставуваат само загуба за тимот.

Покрај нив во „црвената зона“  се Мариано, Борха Мајорал, Оскар, Рение, Регилјон и Валјехо.

Во екипата сигурни се само Бензема, Родриго, Асенсио, Винисиус, Азар, Касемиро, Валверде, Крос, Одегард, Варан, Милитао, Рамос, Менди, Марсело, Карвахал, Куртоа и Лунин.