Реал Мадрид промаши еден куп шанси, но славеше против Шахтјор (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Шахтјор од Доњецк и славеше со 2-1, а тоа беше нивна трета победа во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ притиснаа од самиот старт на мечот, а по 15 минути игра стигнаа до водство преку Родриго, додека во 28. минута во листата на стрелци се запиша Винисиус Жуниор.

Реал до крајот на првото полувреме доминираше и делуваше дека може да ја наполни мрежата на Украинците, но сепак тоа не се случи, туку стигна одговор од Зубков кој намали на 1-2.

Второто полувреме беше поинтересно со голем број шанси на двете страни, иако Реал најмногу се закануваше, но сепак мрежите останаа да мируваат.