Реал Мадрид се посрамоти од Шахтјор, се наоѓа на праг до елиминација од ЛШ? 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид испушти можност да се пласира во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ), откако во петтото коло од групната фаза загуби од Шахтјор Доњецк со 0-2 на гостински терен, па си ги расипа плановите.

Дентињо со гол во 57. минута им донесе водство на домаќините од Доњецк, а Реал никако не успеа да стигне до израмнување, по што гостите ги казни Соломон во 82. минута за водство од 2-0.

Реал Мадрид има седум бодови на третата позиција, колку и Шахтјор на второто место, но тие имаат подобар меѓусебен дуел. Прва е Борусија Менхенгладбах со осум бодови, а последен е Интер со само два бодови.