Реал Мадрид се врати од 0-2 и го реши Милан (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше против Милан со 3-2 на пријателски натпревар во САД, каде што се подготвуваат за новата сезона.

Милан водеше со 2-0 со головите на Фикајо Томори и Лука Ромеро во првото полувреме, но во вторите 45 минути „кралевите“ режираа целосен пресврт.

Валверде во 56. минута го најави пресвртот кога погоди за 1-2, а потоа стрелаше и за 2-2, додека победата ја потврди Винисиус Жуниор во завршницата од дуелот.

Реал Мадрид следниот меч го игра против Манчестер јунајтед в четврток, додека Милан в петок ќе се соочи против Јувентус.