Реал Мадрид си договори уште еден голем талент од Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, а исто така продолжува со засилувањата за иднината.

„Кралевите“ минатото лето го договорија Едуардо Камавинга од Рен за 35 милиони евра, а Французинот покажа дека има голем потенцијал.

Шпанците сега планираат да го купат Чуамени од Монако за сума од 50 милиони евра плус 15 милиони во бонуси.

Овој 22-годишен фудбалер игра во средниот ред и треба да биде замена за Касемиро, а дека станува збор за квалитетен играч покажува и тоа што настапи седум пати за француската репрезентација.