Реал Мадрид славеше со пресврт, но Суарез му ја донесе титулата на Атлетико! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид е нов шампион на Шпанија, откако во последното коло го совлада Ваљадолид со 2-1 и ја освои 11. титула во историјата.

Тимот на Диего Симеоне почна лошо, откако Оскар Плано им донесе водство на домаќините во 18. минута, но во второто полувреме се случи целосен пресврт.

До израмнување Атлетико стигна во 57. минута, откако Кореа постигна прекрасен гол за 1-1, а 10 минути подоцна Луис Суарез ја искористи грешката на домаќините и погоди за 2-1.

„Кралевите“ го победија Виљареал со 2-1, но ја завршија сезоната на втората позиција. Пино стрелаше за водство на гостите од 0-1, но потоа Лука Модриќ и Карим Бензема ги поставија конечните 2-1.