Реал Мадрид со 60 милиони евра ќе нападне ѕвезда на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид најверојатно нема да ја одбрани титулата оваа сезона во Ла Лига, а тренерот Карло Анчелоти веќе прави планови за следната сезона и бара засилувања.

Едно од потенцијалните засилувања на „кралевите“ е 29-годишниот Фабињо, кој вреди околу 60 милиони евра.

Фабињо му помогна на Ливерпул да ги освои Премиерлигата, Лигата на шампиони, Светското клупско првенство, ФА-купот и Лига Купот, но очигледно време е Бразилецот да добие нов предизвик.

Бразилецот полека го губи местото поради 18-гоидишниот Стефан Бајчетиќ, па се отвора можноста за Фабињо да направи трансфер во шпанскиот гигант за 60 милиони евра.