Реал Мадрид со празни раце се враќа од Каталонија 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз против Еспањол од 1-2 во рамки на осмото коло од шпанската Ла Лига.

Де Томас погоди за водство на Еспањол во 17. минута, додека Видал зголеми на 2-0 во вториот дел.

„Кралевите“ се вратија во живот преку Карим Бензема во 71. минута, но тоа не им беше доволно за да освојат барем бод до крајот.

Реал со 17 бодови останува на делба на првата позиција заедно со Атлетико Мадрид, по што следи Реал Сосиедад на третата позиција со 16 бода.