Реал Мадрид со продажбата на Хакими во Интер ѝ направи проблеми на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ашраф Хакими е нов фудбалер на Интер, па претставува големо засилување за екипата. Тој сезонава беше на позајмица во Борусија Дортмунд, каде што играше одлично, но Реал реши да го продаде.

Хакими сакаше гаранција дека ќе игра во Мадрид, но од таму не доби такво нешто, па реши да си пронајде нов клуб.

Реал го продаде за 40 милиони евра, а Хакими ќе добива по пет милиони евра по сезона. Сепак, со овој трансфер голем проблем ѝ беше создаден на Барселона, која се надеваше дека Интер ќе ја прифати нивната понуда за Лаутаро Мартинез.

Тие го нудеа Семедо плус пари, но сега Интер нема потреба да го прифати тоа, зашто си купи десен бек.