Реал Мадрид со рутинска победа во првиот натпревар по рестартирањето на Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ја продолжи трката за титулата со Барселона и на рутински начин славеше на „Алфредо Ди Стефано“ против Еибар со 3:1.

Сите погодоци за „кралскиот клуб“ паднаа во првиот дел кога мрежата на Дмитровиќ ја тресеа Крос, Рамос и Марсело.

Во вториот дел единствено поразот беше ублажен со голот на искусниот Педро Бигас кој по две минути поминати на теренот го совлада Тибо Куртоа.

Мора да се напомене дека во вториот дел Еибар имаше нешто повеќе од играта, меѓутоа видливо беше дека Реал Мадрид отпушти од гаста и на рутински начин го приведе натпреварот до самиот крај.