Реал Мадрид тргнал по најголемата ѕвезда на Ливерпул, но Клоп веднаш реагирал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул оваа сезона игра фантастично во Премиерлигата и може да биде главен конкурент на Манчестер сити за титулата.

Тренерот Јирген Клоп повторно е одличен на кормилото на „црвените“, а на „Енфилд“ ова лето пристигнаа и неколку засилувања.

Во меѓувреме Реал Мадрид бил заинтересиран за Трент Александер-Арнолд и сакал да го откупи неговиот договор, меѓутоа Клоп реагирал и постигнал договор со фудбалерот за нова соработка.

Александер-Арнолд беше поставен и за втор капитен, откако екипата ја напуштија Џејмс Милнер и Џордан Хендерсон ова лето.