Реал Мадрид во преговори со Интер за размена на двајца фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид во моментов се наоѓа во преговори со Интер за размена на фудбалери, кои се незадоволни во сегашните клубови.

„Кралевите“ сакаат да се ослободат од Иско, кој не добива минутажа во екипата на Зинедин Зидан, додека Кристијан Ериксен е во немилост кај Антонио Конте.

Според шпанскиот гигант Иско вреди околу 70 милиони евра, додека цената на Ериксен е повеќе од двојно помала, односно 30 милиони евра, па засега не е познато како Интер и дали ќе сака да ја доплати разликата во сумите.

Во секој случај, тука станува збор за размена чија вкупна вредност на фудбалерите изнесува 100 милиони евра, па останува да видиме дали тимовите наскоро ќе се договорат.