Реал објави снимка од тренинг и откри нов трансфер: Тренер и фудбалер случајно открија – сѐ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид објави снимка од тренинг која крена повеќе бура отколку што се очекуваше. Откако навивачите забележаа дека Лука Јовиќ се здебелил и со вишок килограми се појави на подготовките, откриен е уште еден детал.

„Кралевите“ објавија снимка од тренинг на која се слуша разговор меѓу кондицискиот тренер Антонио Пинтус и дефанзивецот Начо.

Додека излегуваа на теренот, тие открија информации за трансфер на еден од фудбалерите. Веќе се знае дека Иско е пред заминување од тимот, а како негов следен клуб се споменува Милан.

Пинтус во разговор со Начо неколку пати го спомена Иско, а дефанзивецот му одговори со зборовите „но, тој веќе се ослободи“, со што потврди дека Шпанецот донел одлука.

Иско во Реал пристигна во 2013 година, а досега одигра 336 меча за тимот и притоа постигна 51 гол и 56 асистенции.