Реал пресече и ја соопшти одлуката врзана за Бејл: Условите се „mission impossible“ … ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судбината на Герет Бејл и натаму е неизвесна.

Додека некои оддамна го отпишаа Велшанинот и тврдат дека ќе го напушти Реал ова лето, другите во тоа не се така сигурни.

Особено по најновите одлуки на „Кралскиот клуб“, да му даде на напаѓачот одрешени раце во изборот на новата средина, но единствено под услов клубот да инкасира дури 175 милиони евра на име на обештета.

Тој летото 2013. година е платен 100 милиони евра, но неговиот престој во Мадрид ќе остане запаметен повеќе по тоа што не ги оправда огромните очекувања на јавноста.

Уште една препрека за новио работодавец би можела да претставува неговата нето плата која изнесува 19 милиони евра годишно што ретко кој клуб може да си го дозволи.

Последните неколку недели се споменуваа клубови како Баерн и Манчестер Јунајтед, но Германците повеќе би сакале да ги сочуваат парите додека Јунајтед не е сигурно дали навистина Бејл навистина вреди толку во овој момент.