Ребиќ со критики до Далиќ пред решавачкиот меч на Хрватска за пласман на СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска е на праг да обезбеди пласман на Светското првенство (СП) во Катар, а за тоа ќе им треба триумф против Русија од 15 часот.

Хрватите се фаворити во мечот против денешниот ривал, кој е прв и има 22 бода, односно два повеќе од  „коцкестите“.

Селекторот Златко Далиќ не го повика Анте Ребиќ за квалификациите за Мундијалот во Катар, а тоа ја зачуди јавноста, но предизвика и реакција од страна на фудбалерот на Милан.

„Чуден човек си, но духовит“, напиша Ребиќ на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека ова е директна порака испратена до Далиќ.