Реднап кажа за кој клуб треба да потпише Кејн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Хари Кејн и летово ќе биде главна тема во медиумите затоа што постои можност да го напушти Тотенхем на крајот на сезоната.

Тотенхем е сè подалеку од пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа Кејн би можел да побара трансфер, иако има договор до 2024 година.

Англиските медиуми шпекулираа дека може да потпише за Манчестер јунајтед, но легендарниот Хари Реднап има интересен совет за искусниот напаѓач.

Реднап смета дека Кејн треба да остане во Лондон и да потпише за Челси, ако тренер на „сините“ стане Маурицио Покетино.

„Тоа не би поминало добро со навивачите на Тотенхем, тоа е сигурно. Но мислам дека ќе биде одличен потег за него“, кажа Кејн.