Репрезентативец во центарот на скандалот на СП! Полицијата го уапси, а ФИФА молчи


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светското првенство во фудбал го погоди голем скандал! Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска Елије Вахи се најде под истрага поради сомневање за наместена утакмица.

Станува збор за 23-годишен фудбалер кој минатата сезона го носеше дресот на Ница, а истражителите се обидуваат да утврдат дали намерно заработил жолт картон во првенствената средба против Мец на 17 мај.

Според информациите на Атлетик, Вахи беше уапсен на 29 мај, непосредно откако со два гола ја предводеше Ница до победа против Сент-Етјен и осигура останување на клубот во француската Лига 1.

И покрај апсењето и истрагата што е во тек, напаѓачот отпатува со својата репрезентација на Светското првенство и настапи во победата на Брегот на Слоновата Коска против Еквадор (1:0). Во средбата одигра 55 минути и дури погоди пречка пред да излезе од игра.