Резервата на Куртоа потпиша со Реал до 2030 година!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид му го продолжи договорот на украинскиот голман Андриј Лунин до 2030 година.

Украинецот минатата сезона блескаше на голот на „кралевите“ во отсуство на Куртоа и покажа дека станува збор за извонреден голман.

Лунин долго време се поврзуваше со трансфер затоа што не сакаше да биде резерва на Куртоа, но очигледно Флорентино Перез успеа да го премисли.

Украинскиот голман имаше договор до 2025 година, но Перез го убеди да потпише до 2030 година.