РФМ ги награди ракометарите со 50.000 евра

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја награди машката репрезентација со 50.000 евра за пласманот на Светското првенство (СП), кое ќе се игра во Полска и Шведска на почетокот на 2023 година.

РФМ вети награда од 50.000 евра уште пред пласманот на Мундијалот, а сега си го исполни ветувањето и ги награди ракометарите.

Македонија избори место на СП со победата против Романија, а потоа и против Чешка, па така ќе останат на уште едно големо натпреварување.

Ривалите за Мундијалот ќе ги дознаеме на 2 јули.