РФМ и ЕХФ со пораки до Лазаров: Вистински талент во кој можевме да уживаме 25 години (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Кире Лазаров објави дека ја завршува неговата кариера како ракометар, па со Нант ќе одигра уште два меча, по што оди во пензија.

Лазаров доби пораки од цел свет, а меѓу нив се и тие од Македонската ракометна федерација (РФМ) и Европската ракометна федерација (ЕХФ).

„Ти благодариме за севкупниот ГОЛЕМ придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера“, порачаа од РФМ.