РФМ исплати премии во висина од пет милиони денари

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) исплати премии во висина од вкупно пет милиони денари за селекциите кои оваа година имаа успешни настапи.

РФМ подели по два милиони денари за машката и женската сениорска репрезентација, како и еден милион денари за младинската машка селекција.

Македонските ракометари во јануари 2025 година ќе играат на Светското првенство (СП) против Хрватска, Данска и Норвешка, додека ракометарките ќе настапат на Европското првенство (ЕП) против Австрија, Унгарија и Швајцарија.