Рибери ја дозна казната за испадот кон судијата

Френк Рибери по натпреварот со Лацио во текот на вчерашниот ден жестоко го нападна линискиот судија.

Лацио ја победи Фиорентина со контроверзен погодок во финишот, а Рибери на тоа жестоко реагираше и сега го очекува заслужена казна.

Имено, Французинот нема да смее да игра на три натпревари за Фиорентина во Серија А, а згора на тоа заработи казна и од 20.000 евра.