Ристовски го посрамоти човекот кој ја провоцираше Македонија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стефан Ристовски денеска нема да настапи против Бугарија во Разград на почетокот на Лигата на нации, но преку социјалните мрежи реши урнебесно да му одговори на Венцислав Стефанов, кој вчера испрати провокација.

Стефанов за бугарските медиуми даде провокативна изјава за Македонија, која воопшто нема врска со фудбалот.

„Која е таа С. Македонија?! Па, тие вчера станаа држава, зошто би се плашеле од нив?“, кажа Стефанов.

Ристовски му одговори преку социјални мрежи и го замолче еден од најконтроверзните луѓе во бугарскиот фудбал.