Ристовски: Имаме сила да ја победиме Португалијa!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Maкедонија вечерва ја победи Италија во Палермо и тоа е најголемиот успех во историјата во моментов бидејќи играме финале за пласман на Светското првенство.

Тешко може да се опише победата на „Ренцо Барбера“ вечерва, а тоа се обиде да го направи капитенот Стефан Ристовски.

„Не можам се уште да поверувам што направивме. Се надевам и јас ќе дочекам дочек пред полн плоштад во Скопје. Имаме сили да ја победиме Португалија, имаме енергија, не сме уморни и исполнети сме целосно. Сакам прво да прославиме, а потоа ќе се спремаме за гостувањето во Порто“, изјави Ристовски.

ФОТО: ФФМ