Ристовски: Македонија ќе се бори против 50.000 Португалци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација има историска можност да обезбеди место на Мундијалот во Катар, откако претходно се избори за пласман во баражот каде што ќе игра против Португалија на „Драгао“.

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски кажа дека нашата репрезентација е подготвена да се бори против португалските ѕвезди, но и огромниот број на навивачи кои ќе се најдат на трибините.

„Оваа Македонија има нешто што другите го немаат, а јас сум горд што сум капитен на селекцијата. Подготвени сме за ова финале, ќе играме против 50.000 Португалци. Имаме многу пријатели од репрезентацијата на Португалија, но утре на терен за мене постои само дресот на Македонија и желбата да заиграме на Мундијалот“, вели Ристовски.