Ристовски со осум голови и титула се збогуваше од ЦСКА Москва


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска постигна осум голови против Ростов Дон (33-31) и помогна на својата екипа да ја освои титулата.

Натпреварот беше решен по продолженија, откако во регуларниот дел заврши 25-25, а Ристовска го заврши мечот со осум погодоци.

Ова за македонската ракометарка беше последен дуел во дресот на ЦСКА затоа што од следната сезона ќе игра за Букурешт.