Ривер плејт ќе добие 35 милиони евра од трансферот на Енцо Фернандез

Бенфика се договори со Челси за трансфер на Енцо Фернандез, кој ќе изнесува 121 милион евра, но голем дел од парите ќе добие и поранешниот клуб на Аргентинецот, а тоа е Ривер плејт.

Фернандез потпиша за Бенфика за само 12 милиони евра минатото лето, но сега направи уште поголем трансфер, а Ривер плејт од тоа ќе заработи 35 милиони евра.

Челси ќе ги исплати парите за Енцо во рати, додека првата изнесува 40 милиони евра.